Во пукање на бензинска пумпа во градот Колумбус во американската држава Џорџија, на границата со Алабама, ранети се девет малолетници, меѓу кои и едно петгодишно дете, соопштија денеска властите.

Децата ранети во инцидентот што се случи вчера се на возраст од пет до 17 години, а се работи за седум момчиња и две девојчиња, пренесува АП. Според соопштението на локалните власти, се чини дека ниту едно од ранетите деца не е опасно по живот.
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот
- СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус
- Ахмед ал-Шара ги отстрани двајцата браќа од високи позиции по обвинувања за непотизам
- Мицкоски го посети Пустец: Помладите генерации не треба да ја плаќаат цената на политичките поделби
Полицијата не уапси никого.
„Зголемувањето на оруженото насилство во кое е вклучена нашата младина влијае на целата земја“, рече началникот на полицијата во Колумбус, Фреди Блекмон.
Тој додаде дека полицијата неуморно работи на отстранување на насилниците од улиците на Колумбус.
Пронајдете не на следниве мрежи:


