Десерт кој освојува на прв залак: Колач со кокос и чоколаден крем

3 јајца
150 г шеќер
150 г брашно
80 г кокосово брашно
80 мл масло
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
200 г еурокрем
2-3 лажици мармалад по вкус
Јајцата изматете ги со шеќерот, додадете ги брашното, прашокот за печиво, маслото и кокосовото брашно, и мешајте со лажица додека смесата не се соедини. Нанесете ја во намрсена тава и печете 40 минути на 200 степени. Изладениот колач пресечете го на половина и првата кора премачкајте ја со еурокремот. Ставете ја втората кора, премачкате со мармалад и наросете кокосово брашно. Уште малку изладете и исечете на коцки.

Loading...