ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, велат СДСМ во партиско соопштение.
– Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски.
Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат. Напротив.
- Детали за исчезнувањето на американските војници во Мароко: Едниот паднал во вода од карпа, другиот не успеал да го спасиВо Мароко, за време на вежбата „Африкански лав“, исчезнаа двајца војници од… Read more: Детали за исчезнувањето на американските војници во Мароко: Едниот паднал во вода од карпа, другиот не успеал да го спаси
- Филипче: На Денот на Македонскиот јазик со гордост може да кажеме дека поради СДСМ е признаен и обезбеденПо повод денешниот Ден на македонскиот јазик, претседателот на СДСМ, д-р Венко… Read more: Филипче: На Денот на Македонскиот јазик со гордост може да кажеме дека поради СДСМ е признаен и обезбеден
- СП:Предвремени парламентарни избори следната година?Добрата вест е дека набрзо ќе има избори и дека СДСМ како… Read more: СП:Предвремени парламентарни избори следната година?
- Кој ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите: Нова шаховска партија помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид вечерваНа стадионот „Емирати“ во Лондон вечерва ќе го пречекаме првиот финалист од… Read more: Кој ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите: Нова шаховска партија помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид вечерва
- СДСМ: Документите за Груевски се „институционално“ блокирани во Министерството за правда или се намерно блокираниСДСМ го обвинува Министерството за правда за одложување на постапката за екстрадиција… Read more: СДСМ: Документите за Груевски се „институционално“ блокирани во Министерството за правда или се намерно блокирани
Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен.
Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.
Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.
Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник.
Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.
Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.
Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Почитувани граѓани,
Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.
Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката Влада планира да биде хорор му порачуваме:
Неговиот обид за хорор ќе биде поразен а на 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! – велат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



