ДРОН СНИМИ ЅВЕР ДОЛГ 3 МЕТРИ КОЈ ДЕМНЕ ВО БЛИЗИНА НА БРЕГ: Невидена драма, затворени уште 2 шпански плажи, туристите бегаат од водата (ВИДЕО)

Итно затворени уште две шпански плажи откако повторно е видена ајкула блиску до брегот!

Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од морето на плажата Меленара во Гран Канарија, откако ајкула-чекан била забележана од полициски дрон во неделата. Веќе втор ден по ред плажата е затворена откако е забележана ајкула.

СО ПУЛС24 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА АЈКУЛИТЕ

Забраната за пливање во неделата попладне беше проширена на соседната плажа Салинетас, додека два часа подоцна спасувачите кренаа црвено знаме на плажата Сан Аугустин на југот на островот, откако турист видел перка од ајкула како излегува од водата.

ДРОН СНИМИ ЅВЕР ДОЛГ 3 МЕТРИ КОЈ ДЕМНЕ ВО БЛИЗИНА НА БРЕГ: Невидена драма, затворени уште 2 шпански плажи, туристите бегаат од водата (ВИДЕО)

Засега не е јасно дали се работи за истата ајкула која беше забележана претходниот ден.

Снимката од дрон покажа дека неманот бил долг околу три метри.

Повеќето видови на чекан се сметаат за безопасни за луѓето и забележани се само неколку напади, но може да порасне и до шест метри во должина и да тежи до 450 килограми!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.