Едноставен тест кој открива дали внесувате доволно вода

Loading...

Американската национална медицинска библиотека открила еден одличен тест врз основа на кој секоја личност може да дознае дали нејзиното тело е доволно хидрирано или не.
Експертите препорачуваат пиење на најмалку шест чаши вода на ден, но многу луѓе не се придржуваат до ова правило.
Со оглед на летниот период кој нѝ следува, а со него и високите температури, докторите сè повеќе обрнуваат внимание на важноста на внесување на течности за нормално функционирање на организмот.
Дефицитот на вода може негативно да се одрази врз нашето здравје, правејќи нè уморни и слаби, а во некои случаи може да се појават вртоглавици и главоболки. Исто така, водата влијае и врз еластичноста на кожата, што е посебно важно за жените.
Со цел да проверите дали пиете доволно вода, Американската национална медицинска библиотека открива како да дознаете дали вашиот организам има потреба од поголемо количество на вода.
Сè што треба да направите е со помош на палецот и показалецот да ја повлечете кожата на задната страна на раката. Задржете неколку секунди и пуштете. Доколку кожата веднаш по пуштањето се враќа во првобитната положба, тоа е знак дека сте доволно хидрирани. Во спротивно, кожата ви покажува дека треба да го зголемите внесот на вода.
Според Американската национална медицинска библиотека, еластичната напнатост на ткивата открива каква е еластичноста на кожата, како и способноста кожата да го менува обликот и да се враќа во нормална состојба.
Кожата со нормална напнатост е способна во истиот момент да го менува обликот, додека на кожата со слаба напнатост ѝ е потребно време да се врати во нормална состојба.
Покрај овој тест, уште еден показател за хидрираност може да биде и бојата на вашата урина. Доколку таа е провидна и без миризби, вашиот внес на вода е на задоволувачко ниво, но ако е темножолта или има силна миризба, тогаш потребно е што побргу да почнете да го зголемите внесот на вода во текот на денот.

loading...