Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со британскиот премиер Риши Сунак во врска со моменталната состојба на израелско-палестинскиот конфликт.
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Тие разговарале за начините за воспоставување мир во регионот и за итните мерки за решавање на тешката хуманитарна криза.
- Најголемата рафинерија во Москва ќе биде нефункционална најмалку половина година поради напади со беспилотни летала
- Откриени детали од преговорите: Иранската делегација темелно го анализирала Трамп, притисокот не ги загрижува
- Монструозен земјотрес ја уништи Венецуела! Огромен број мртви: Зградите се уриваат, луѓето се закопани, Каракас е срамнет со земја (ФОТО/ВИДЕО)
- Денес се празнува Преподобен Онуфриј Велики
- Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
- Израелски министер се заканува со војна во Сирија, откако беше постигнат договор меѓу САД и Иран
- Лавров тврди: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
- ЗНАМ и Максо највеќе губат во реконструкцијата, ама дефинитивно следувааат големи промени и ротации
- Песков: Нема договор за продолжување на мировните преговори со Украина
Ердоган нагласи дека Турција очекува ефикасни иницијативи од меѓународната заедница, особено од западните земји, против кршењето на човековите права во Газа.
Тој ја нагласи важноста на сеќавање и исполнување на ветувањата дадени на Палестина во текот на годините, наместо преземање провокативни акции кои ја продлабочуваат кризата.
Десет дена по конфликтот со палестинската група Хамас, продолжува израелското бомбардирање и блокадата на Појасот Газа, при што беа раселени над 1 милион луѓе – речиси половина од вкупното население на Газа.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза. Областа е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските резерви се при крај, додека цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да се евакуираат северните области.
Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци, меѓу кои повеќе од 750 деца.
Пронајдете не на следниве мрежи:


