Есенски тренд аларм: Пуфкасти ракави во сите комбинации

Трендот ненаметливо започна во сезоната пролет/лето, но се чини дека дефинитивно ќе завладее оваа есен – пуфкастите ракави кои ќе ги видиме во сите можни комбинации – на маици, блузи, кошули, џемпери, мантили, фустани и сакоа.
Шармантниот моден тренд се одликува со драматичност, но и доза на женственост, совршен спој на двете спротивности.


Големите модни куќи веќе ги вклопија „пуф“ ракавите во колекциите, а и модните корпорации кои креираат за широките маси, како H&M и Zara, се подготвени.
Сите сакаме барем едно парче со изразени пуфкасти ракави оваа есен, нели?

Loading...