Европската Унија ќе продолжи да соработува со земјите од Западен Балкан, како и со Украина, Молдавија и Грузија и ќе ги поддржува нивните реформски напори на патот во приближување кон блокот, се наведува во заклучоците од дводневниот Самит на ЕУ што заврши попладнево во Брисел.
- 27-годишник нападнат од својот колега во фирма во Илинден
- Водолии, вашата независност доаѓа до израз овој викенд
- Не сакаше лично да ѝ каже, па ја искористи кралицата Камила: Еве што Меланија Трамп ѝ кажа на Кејт Мидлтон (фото)
- Актерката за филмови за возрасни откри што користат мажите на снимање: Тие секогаш изгледаат подготвени, но всушност…
- Сиљановска: Балансерот беше извор на корупција, а не решение
Во однос на регионот, лидерите на ЕУ изразија длабока загриженост за безбедносната ситуација на северот на Косово, најостро осудувајќи го „насилниот напад“ врз косовската полиција на 24 септември 2023 година.
„Европската унија очекува сторителите да бидат уапсени и брзо изведени пред лицето на правдата, а Србија целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни чекори во овој поглед. Косово и Србија мора да продолжат со постојани напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори на северот на Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби. Неуспехот за деескалација на тензиите ќе има последици“, се порачува во заклучоците.
Пронајдете не на следниве мрежи:



