Тело на жена (42), со страшни повреди во пределот на главата, е пронајдено во понеделникот во куќа во село во близина на романскиот град Манзати, и маж (43), со кого жртвата наводно била во тајнa љубовна врска, е осомничен за убиство.
Локалните медиуми јавуваат дека брутално била убиена Кристина, мајка на 22-годишна девојка, која наводно по расправијата со сопругот Џорџ истрчала во прегратките на својот љубовник.
- Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САДПродолжувањето на трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина „не би било… Read more: Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САД
- Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работиМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави одложување на примената на новиот… Read more: Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи
- Бомба од Италија: Влаховиќ ги „чека“ Барселона и Баерн, сè зависи од една одлукаДушан Влаховиќ се соочува со одлука за кариерата. Медиумите во Италија и Шпанија… Read more: Бомба од Италија: Влаховиќ ги „чека“ Барселона и Баерн, сè зависи од една одлука
- Петте најлоши намирници за меморијата: Што да избегнувате за оптимално здравје на мозокотХранливата храна како бобинки, јаткасти плодови, морска храна и зеленчук помага во… Read more: Петте најлоши намирници за меморијата: Што да избегнувате за оптимално здравје на мозокот
- 11 совети од доктор за намалување на внесот на шеќерНамалувањето на внесот на шеќер започнува со препознавање на скриените шеќери во… Read more: 11 совети од доктор за намалување на внесот на шеќер
Во неделата вечерта Кристина и нејзиниот сопруг се скарале, по што таа бесно му рекла дека оди во соседното село. Сепак, се верува дека таа застанала во близина, во куќата на маж со кој наводно била во тајна врска извесно време.
Се верува дека парот пиел во текот на вечерта и дека во еден момент дошло до расправија меѓу двајцата. Тогаш се сомнева дека мажот, чие име не се соопштува, грабнал секира и ја удрил Кристина неколку пати во главата. Следното утро тој, наводно, самиот дошол кај Џорџ и му кажал дека Кристина е мртва.
„Утрото кај мене дојде ќерката на Кристина која живее во близина и се тресеше. Ми кажа дека дошол човек и го повикал татко и’ до капијата. Кога дошол сопругот на Кристина, тој му рекол: Здраво Џорџ, дојди да ти кажам нешто. Кристина, твојата сопруга е мртва во мојот двор, во мојата куќа. Јас лично никогаш не сум слушнал дека се скарале и дека имало проблеми во бракот“, изјави за медиумите соседот на убиената.
Сите во селото имаат само пофални зборови за убиената Кристина.
“Таа беше многу вредна жена, тивка. Работеше многу, го издржуваше семејството, но знаеше да пие”, велат мештаните.
Осомничениот за нејзиното убиство е приведен, а полицијата соопшти дека на 12 февруари, околу 9 часот, ѝ се јавила ќерката на жртвата.
Телото со видливи повреди во пределот на главата е пренесено на обдукција, за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти полицијата.
Како што наведоа, приведен е сопственикот на куќата во која е пронајдено телото на Криста.
Пронајдете не на следниве мрежи:



