Позната е по својот прекрасен вкус, но нејзините плодови нудат многу повеќе.
Калинката е нискокалорична и има масти, но е богата со растителни влакна, витамини и минерали.
Богата е со антиоксиданси
Антиоксидансите се соединенија кои помагаат во заштитата на клетките на вашето тело од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Високите нивоа на слободни радикали можат да бидат штетни и да придонесат за голем број хронични заболувања. Калинката е богата со антиоксиданси и полифенолни соединенија, вклучувајќи пуникалгини, антоцијанини и хидролизирачки танини.
Придобивки за здравјето на срцето
Постојат докази дека овошјето богато со полифенолни соединенија, како што се калинките, може да биде корисно за здравјето на срцето, пишува Healthline.
Го поддржува здравјето на уринарниот систем
Покрај тоа, студиите врз животни покажаа дека екстрактот од калинка може да има позитивен ефект врз регулирањето на концентрацијата на оксалат, калциум и фосфат во крвта, кои се вообичаени компоненти на камења во бубрезите.
Може да има антимикробни својства
Соединенијата од калинка може да помогнат во борбата против штетните микроорганизми.
Го поддржува здравјето на дигестивниот систем
Консумирањето калинки може да помогне во поддршката на здравјето на вашиот цревен микробиом, кој игра клучна улога во многу аспекти на здравјето. Пребиотиците служат како гориво за корисните бактерии во вашите црева и поддржуваат поздрав цревен микробиом. Покрај тоа, калинките се богати со растителни влакна, што е од суштинско значење за здравјето на дигестивниот систем и може да ве заштити од некои дигестивни состојби.
Пронајдете не на следниве мрежи:


