Израел не треба да изведува напади во областите каде што им кажале на луѓето да се преселат

Израелската офанзива на Рафах предизвика обновен гнев откако воздушен напад во неделата предизвика пожар во шаторски камп во западната област, при што загинаа најмалку 45 луѓе. Израел соопшти дека цели на нападот биле двајца високи оперативци на Хамас во комплексот и дека нема намера да предизвика цивилни жртви

Соединетите Држави изразија длабока загриженост до израелската влада поради воздушниот напад во Рафах и повикаа на истрага веднаш штом ги видоа извештаите за инцидентот, соопшти во вторник Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон внимателно ќе ја следи истрагата на Израел.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека досегашните воени операции на Израел во Рафах не биле толку големи како оние што ги спроведувал во Централна или Северна Газа. Администрацијата на Бајден повеќепати го предупреди Израел да не започнува голема воена офанзива во градот во јужниот дел на Појасот.

Нападот предизвика пожар во шаторскиот камп

„САД ќе продолжат да му ја нагласуваат на Израел својата обврска целосно да го почитува меѓународното хуманитарно право, да го минимизира влијанието на нивните операции врз цивилите и да го максимизира протокот на хуманитарна помош“,

рече Милер.

Израелската офанзива на Рафах предизвика обновен гнев откако воздушен напад во неделата предизвика пожар во шаторски камп во западната област, при што загинаа најмалку 45 луѓе. Израел соопшти дека цели на нападот биле двајца високи оперативци на Хамас во комплексот и дека немал намера да предизвика цивилни жртви.

Светските лидери рекоа дека се ужаснати од пожарот во Рафах, хуманитарната зона каде што раселените семејства побараа засолниште.

„Тажни сме поради трагичната загуба на животи во Рафах во текот на викендот“,

изјави Милер за новинарите.

Камала Харис: Зборот „трагично“ не е доволен

Милер нагласи дека Израел не треба да изведува напади во областите каде што им кажале на луѓето да се преселат, додавајќи дека Израел тврди дека тоа не се случило.

„Израел има право да ги таргетира терористите на Хамас одговорни за ладнокрвните убиства на цивили, а Хамас треба да престане да се крие зад цивилите во Газа. Сепак, Израел има обврска да направи сè што е можно за да ја минимизира штетата на цивилите додека ги спроведува своите операции“,

додаде тој.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, рече дека хуманитарната ситуација низ Газа останува неверојатно предизвикувачка.

Американската потпретседателка Камала Харис изјави во вторникот дека зборот „трагично“ не е доволен за израелскиот напад во кој загинаа Палестинци.

Говорејќи на гала настан во Вашингтон, Харис не одговори на дополнително прашање за тоа дали нападите во Рафах ја преминале „црвената линија“.

Израелците го негираа новиот напад

Најмалку 21 лице загина во вторникот во израелски напади врз шаторски камп во зоната за евакуација западно од Рафах, соопштија здравствените власти во Газа, додека израелската армија се приближуваше кон центарот на градот во најјужниот дел на палестинската енклава.

Службите за итни случаи во Газа објавија дека четири тенковски гранати погодиле група шатори во Ал Маваси, крајбрежна област што израелската армија им ја претстави на Палестинците како безбедна зона. Меѓу загинатите има најмалку 12 жени, соопштија здравствените власти во Газа.

Израелската армија негираше дека го нападнала кампот Ал Маваси во вторникот.

„Спротивно на извештаите, израелските одбранбени сили не ја нападнаа хуманитарната област во Ал Маваси“,

се вели во соопштението на израелската војска.

Пронајдете не на следниве мрежи: