Високите температури во Рим придонесоа за зголемување на популацијата на стршлени во тој град, кои често ги напаѓаат жителите и туристите во италијанската престолнина.
Градот Рим го повикал зоолог Андреа Лунерти, експерт за стршлени, за да ги отстрани бројните гнезда што овие инсекти ги направиле низ градот.
- Прекинат пат преку Атлантскиот Океан, запленети 11 тони кокаин и 8,5 тони хашиш
- Знаци кои укажуваат на недостаток на калциум во телото
- (Видео) Драма во Грција кај Лефкада: Пронајден поморски дрон, полн со експлозив?
- ДЕТАЛИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА КОРУПЦИСКА АФЕРА ВО УКРАИНА: Кој е мистериозниот „Вова“? Откриено кој е „Хирургот“ и како најблискиот круг на Зеленски ја ограби Украина во екот на војната!
- Фудбалерите на Реал Мадрид го разоткрија „кртот“ на Арбелоа во соблекувалната, тој известуваше за сè што се случуваше
- Мицкоски: Му честитав на Радев, со нетрпение очекувам да разговараме за сите теми
- Припадници на АРМ спасиле маж и жена: Со возило биле заглавени во канал – ова се деталите
- ЗНАМ го напушти и советничката Стеваноска во Прилеп
- Причината за смртта на 20 годишната студентка од Турција сè уште е непозната
- Во моментов добивам многу повици, од сите страни. Луѓето ги гледаат овие големи инсекти како летаат наоколу, а нивните гнезда се огромни, понекогаш има од 700 до 1.000 единки – изјави Лунерти, а пренесува Гардијан.
Неодамна, Лунерти добил повик од домот на една постара госпоѓа која се вратила од одмор во Сардинија и открила дека 800 ориентални стршлени изградиле гнездо во нејзината бања.
Минатата недела, чистач на прозорци на возраст од околу 50 години паднал од скеле и починал откако бил нападнат од рој стршлени.
Освен екстремно топлото време за овој период од годината, Лунерти за наездата на стршлените ги обвинува и купиштата ѓубре во Рим.
Тој вели дека овие два елементи создаваат идеални услови за ширење на инсектите во урбаните средини.
– Рим е многу валкан град, контејнерите се насекаде отворени – рече Лунерти.
Ориенталните стршлени се присутни и во некои делови на јужна Италија, особено во пристанишните градови како Неапол.
Пронајдете не на следниве мрежи:



