Какао десерт на кој тешко ќе му одолеете

Loading...

Овој рецепт е одличен спој на какао и портокал, вкус во кој навистина ќе уживате, а вашите најмили тешко ќе му одолеат.
Потребни состојки:
1 ¼ шолја бело брашно
2 лажички прашок за пециво
¼ лажичка сол
Половина шолја какао
Шолја шеќер
Шолја слатка павлака
Две јајца
Рендана кора од портокал
За преливот:
1/3 шолја сок од портокал
3 лажици шеќер


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го калапот за печење, а по него посипете лебни трошки. Истресете го вишокот.
Во сад измешајте ги брашното, пецивото, солта, какаото и шеќерот. Во друг сад изматете ја слатката павлака, може да додадете и лажица екстракт од ванила ако сакате. Потоа намалете ја брзината на миксерот и додавајте едно по едно од јајцата и матете.
Потоа додадете ги и сувите состојки и добро измешајте. На крајот, додадете ја ренданата кора од портокал.
Налејте ја смесата во подготвениот калап и печете околу еден час, зависно од шпоретот.
Веднаш откако ќе го ставите колачот на печење, подгответе ја глазурата од сокот од портокал и шеќер и оставете да стои. Кога колачот ќе биде испечен, оставете го да се олади околу пет минути, а потоа полека прелијте со глазурата. Оставете да се впие додека колачот целосно не се олади, а потоа исечете го.
По желба, може да го прелиете колачот со стопено чоколадо.

loading...