Како да го зголемите либидото?

Loading...

Активниот и здрав сексуален живот има и физички и емотивни придобивки кои значително влијаат на целокупното задоволство и добробит. Но кога партнерите ќе почнат да се прифаќаат меѓусебно здраво за готово, сета љубов и возбуда исчезнува, заедно со сексуалниот живот. За среќа, постојат начини како да се зголеми либидото и да се ужива во сексот со партнерот.

1. Покажете наклонетост. Повеќе физички контакт со партнерот ќе помогне во будење на желбата едно кон друго, но и ќе го зајакне либидото.

2. Водете сметка за телото. Само така ќе имате повеќе самодоверба и ќе се чувствувате пожелни, што секако ги привлекува мажите. Тука секако спаѓа и редовното вежбање.

3. Променете ги лековите. Одредени лекови, како оние за висок притисок и срцеви заболувања може да предизвикаат намалување на сексуалната желба. Во консултација со лекар, сменете ги.

4. Престанете да пушите. Пушењето го намалува нивото на естроген кај жените и долгорочно лошо влијае врз либидото.

5. Редовен секс. Редовниот секс го зголемува производството на тестостерон, хормон кој е одговорен за либидото и кај мажите и кај жените. Научно е докажано: повеќе секс- посилен сексуален нагон.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...