Прустовиот прашалник е ненаучен тест, но со него може да се тестира личноста. Тој настанал на улиците на Париз во 19 век, а името го добил по Марсел Пруст кој прв го пополнил. Модерната верзија на овој прашалник денеска стои на страниците на списанието Венити фер и секој месец им дава можност на читателите да влезат во умовите на најпознатите писатели, уметници политичари и други јавни личности.
На прашањето како ја замислувате совршената среќа, Пруст самиот не одговорил, бидејќи како што кажал, за тоа немал доволно храброст. Некои од модерните жени кои го пополнувале овој прашалник, биле похрабри и сега може да ги прочитате нивните одговори на ова философско прашање.
Бети Мидлер
Добра книга и празна куќа.
Доли Партон
Полна чинија печен компир и добра книга, со доволно време се тоа да го изедам и прочитам.
Даниела Стил
Среќни и здрави деца. И фантастичен партнер со кој можам да го поделам времето.
Тина Феј
Чаша вино на самрак.
Џејн Фонда
Целосно присуство во моментот и чувство на мир.
Лорен Бекол
Утринско будење.
Хелен Мирен
Седење покрај бистра река во топлите денови на почетокот на јули и мирисот на искосена трева во воздухот.
Лајза Минели
Смеа и внатрешен мир.
Ширли Меклејн
Тежнеење кон среќа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.