КАЈ ИЗЈУМ ЗАГИНА ПОЗНАТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Нов тежок удар на источниот фронт за Москва ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА

Генералот на руската армија Владимир Завадски (45) загина на фронтот кај Изум во областа Харков.

Според руските медиуми, заменик-командантот на 14-от армиски корпус на Руската Федерација загинал на 28 ноември кога неговото возило налетало на мина.

Поранешниот командант на дивизијата Таман, кој беше награден со Орден за храброст, официјално е седмиот руски генерал кој загинал од почетокот на инвазијата на Украина. Украинските вооружени сили тврдат дека елиминирале 15 руски генерали од почетокот на војната.

До 3 ноември, повеќе од 2.700 офицери на руската армија и другите безбедносни сили беа потврдени мртви, од кои 323 беа потполковници и повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи: