Кина го советува НАТО да размисли за своите постапки во украинскиот конфликт и да преземе чекори за решавање на проблемот, се вели во соопштението на кинеската мисија во ЕУ.
„Го советуваме НАТО внимателно да ги слуша правичните оценки на меѓународната заедница, да размисли длабоко за своите постапки (во украинскиот конфликт) и да преземе вистински активности за да ја ублажи ситуацијата и да го реши проблемот, наместо да ја префрла вината на другите“, рече во мисијата.
Во соопштението се наведува и дека декларацијата од самитот на НАТО во Вашингтон е полна со менталитет од Студената војна и воинствена реторика, а содржината поврзана со Кина е полна со провокации, лаги, поттикнувања и клевети.
Се забележува дека украинската криза се уште трае, а меѓународната заедница јасно гледа кој долева масло на огнот и ја користи можноста во потрага по лична корист.
„Кина зазема чесен и отворен став за украинското прашање, а тоа е промовирање на мирот, преговорите и политичкото решение, што е широко признаено и високо ценето од меѓународната заедница“, соопшти кинеската мисија.
Во завршната декларација на самитот на НАТО што се одржа во САД, се наведува дека членките на алијансата ја покануваат Кина на дијалог за да се намалат стратешките ризици и дека се отворени за соработка со Пекинг. Во исто време, според земјите членки на алијансата, Кина продолжува да создава системски предизвици за евроатлантската безбедност. Во документот на НАТО се наведува дека „Народна Република Кина сега игра одлучувачка улога во војната на Русија против Украина преку таканареченото „партнерство без граници“, обезбедувајќи широка поддршка на рускиот воено-индустриски комплекс.
- Митева: Нема предвремени избори, а СДСМ нека се подготви за нов дебакл
- ТВ водителот Миро Кацарев в.д. директор на Универзална сала
- Тошковски шокиран од Обвинителството: Не смее да има тивок обид за затворање на случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино
- Нова студија за спиењето: Јапонците спијат најмалку, но живеат најдолго
- Путин му се закани на целиот свет со една реченица? Рускиот претседател открива што прави Русија



