Кнедли со сливи без компири: Најлесниот рецепт за познатиот традиционален десерт!

Loading...

Пробајте го овој нов начин на приготвување
Состојки:
1/2 литар млеко
250 г гриз
остро брашно, по потреба
1 јајце
1 лажица шеќер
1 пакување презла или препечени лебни трошки, ако имате стар леб
сливи
1/2 прашок за печиво
малку масло за готвење


Приготвување:
Сварете го гризот во млекото што претходно сте го засладиле со лажица шеќер. Оставете го гризот да се олади, а потоа додајте јајце и брашно, колку да биде компактно тестото за валање и да не се лепи, заедно со прашок за печиво.
Посипете работна површина со брашно, а потоа смесата од тесто завиткајте ја во ролна. Сечете ја ролната од тесто на парчиња од околу 5 см и правете кругови од нив. Во средина на секој круг ставете половина или цела слива, како сакате, па затворете ги во топче, односно во кнедла.
Ставете вода да зоврие и во неа сипете малку масло. Кога водата ќе почне да врие, ставете ги кнедлите и штом ќе испливаат на површина, оставете ги 5 минути да вријат.
Пропржете лебни трошки, па готовите кнедли, штом ги извадите од вода, извалајте ги во нив. Одозгора можете да ги наросите со кристален шеќер и така да ги послужите.

loading...