Кој не смее да јаде сардини? Одлични се за здравјето, но не за секого

Во повеќето земји во светот сардините се сметаат за еден од најевтините и најздравите видови риби. Дури и конзервираните сардини, иако содржат малку повеќе масло и сол, се сметаат за добар избор на храна, со исклучок на пациентите со гихт и бубрези.

Еден факт ги издвојува сардините од другите видови риби. Во случај да избегнувате риба поради можна контаминација со жива, можете да јадете сардини без грижа. Овој вид риба се храни исклучиво со планктони во кои нема или има многу малку жива.
И коските имаат здравствени придобивки
Конзервираните сардини се преполни со додатоци на вода, масло и сок од домати. Во оваа форма обично се отстрануваат главите на рибата, но се задржуваат кожата и ситните коски, кои имаат многу здравствени придобивки. Порција од 4 сардини содржи 100 калории, 12 грама протеини, 5 грама масти и нула грама јаглени хидрати, влакна и шеќер. Оваа морска риба е богата со минерали и витамини како Б12, витамин Д, ниацин (витамин Б3), селен, фосфор, калциум, јод.

Сардини за подобро здравје на срцето
Омега-3 масните киселини, кои ги има во изобилство во сардината, го штитат нашиот кардиоваскуларен систем. Омега-3 масните киселини можат да го стабилизираат срцевиот ритам, да го намалат високото ниво на триглицериди во крвта, да обезбедат еластичност на артериите и да нѐ заштитат од згрутчување на крвта. Омега-3 масните киселини се најзастапени во масните морски риби како лосос, скуша и сардини. Американското здружение за срце препорачува две порции масна риба неделно, под услов рибата да не се пржи.

Сардините обезбедуваат витамин Д
Малите коски од сардина се одличен извор на калциум. Обезбедуваат околу една третина од препорачаниот дневен внес на калциум. Витаминот Д е неопходен за телото да го апсорбира калциумот, а сардините се уште побогати со витамин Д од калциумот. Тие исто така содржат фосфор, кој е многу важен фактор за здравјето на коските, бидејќи има способност да ги неутрализира киселините кои можат да ги оштетат коските.
Како сардините ги штитат нашите нерви?
До 40% од постарите луѓе имаат недостаток на витамин Б12. Овој недостаток може да предизвика слаба функција на сетилните нерви и проблеми со периферните нерви. Можно е во потешки случаи да има намалена подвижност. Една порција сардина обезбедува трипати поголема количина на Б12 во споредба со дневните потреби на повеќето луѓе. Недостатокот на витамин Б12 може, покрај оштетување на нервите, да предизвика потешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор.

Кому не му се советува да јаде сардини?
И покрај многуте здравствени придобивки, сардините во свежа или конзервирана форма не се вид риба што се препорачува за сите луѓе. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, гихт, камен во бубрег, треба да избегнуваат конзумирање сардини. Особено конзервираните сардини содржат големи количини натриум, што не се препорачува за лица со висок крвен притисок.
Можно е во некои ситуации да се продолжи со конзумирање на овој вид риба, но во помали количини и со отстранување на сол од другите оброци. Сепак, за сите детали, најдобро би било да се консултирате со експерт кој ќе ви ги даде најдобрите препораки во однос на специфичната здравствена слика на секој поединец.

Гихтот бара прилагодена исхрана
Пациентите кои страдаат од напади на гихт се советуваат да јадат диета со минимална количина на пурин. Гихтот е форма на артритис придружен со силна болка во зглобовите, која е предизвикана од високо ниво на уринарна киселина во крвта, која е нуспроизвод на метаболизмот на пуринот.

Масните риби како што се сардините и инчуните имаат висока содржина на пурин, па затоа советот е да избегнувате риба и морски плодови. Во договор со стручно лице, доколку е потребно во вакви ситуации, се користат суплементи на база на рибино масло или риба со бело месо како на пример бакалар.

Здравјето можеме да се заштити и со евтина морска риба
Уринарната киселина, која предизвикува гихт, е исто така добар супстрат за развој на камен во бубрезите. Сардините содржат пурини кои се разградуваат во уринарната киселина. Високата содржина на натриум во сардините може да го зголеми и количеството на калциум во урината, што е уште еден фактор на ризик кој може да доведе до формирање на камења во бубрезите.

Пронајдете не на следниве мрежи: