Левица: Шукова и Касами да одговараат како издале Б еколошка дозвола за изгорениот магацин во Тетово

Изгорениот магацин во тетовско Фалише предизвика огромна еколошка катастрофа и аерозагадување, а локалните жители, освен во димот и загадувањето, останаа заробени и во апсурдот на неспособноста и неможноста на владејачката елита да го измери степенот на загадување. Bo големиот пожар што избувна во магацин на фирмата „Евроком“ изгореа 100 тони пластика, бои и лакови.

„Двете вагини ми купија автомобил“! Таа е медицински феномен – поради состојбата се тркала во пари
Ени Шарлот е родена со посебно пореметување – има две вагини. Нејзината состојба е шокантна за многумина, а таа добро се заработи од тоа.Ени Шарлот има пореметување uterus didelphys …
Жерновски демантира дека бил амбасадор „на диво“, објави фотографија од предавањето на акредитивите во романското МНР
Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски се огласи откако вчера беше прозван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски дека бил поставен „на диво“ на дипломатската функција. -Откако од …

Вработени од Министерството за животна средина излегоа на терен само за да констатираaт дека е ,,евидентно загадувањето на воздухот“, но дека тоа не може да се измери, бидејќи НЕМА Државна лабораторија co акредитирана метода. Односно, Државниот автоматски мониторинг мерел само загадување од испарливи неоргански материи.

Министерката за животна средина, Каја ШУКОВА и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дадоа само препораки да не се излегува од дома и прозорците да бидат затворени, додека Тетово и околината со денови беа алармантно загадени, а неколку пожарникари беа и полесно повредени при гаснењето на огнената стихија.

Левица ИТНО бара одговори од градоначалникот на Тетово – Билал Касами, Министерството за животна средина и од Државниот еколошки инспекторат да се произнесат под кои услови дозволиле и издале Б интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина за складирање толку голема количина на лесно запаливи и токсични материи, без соодветен безбедносен проект од евентуални хаварии и без задоволителен противпожарен безбедносен систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.