Македонија ја нокаутираше Грција во одличната атмосфера!

Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија.

Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција.

Лепеле плакати во молк: Две лица на службен разговор во СВР Тетово
На 23.04.2024 во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен …
Раста итно примен во болница! Раперот дошол во придружба со девојката
Стефан Ѓуриќ Раста денеска, 23 април, е итно хоспитализиран.Како што пренесуваат српските медиуми, тој во болница дошол со силни болки во придружба на неговата девојка Марија Балабан. Да потсетиме, …

Македонската репрезентација имаше бавен старт на натпреварот, почетниот период им припадна на Грците. Првиот гол го дадовме преку Атанасијевиќ дури во петтата минута кога го намаливме водството на противникот на 2-1. Во воведниот дел одбраната не функционираше, Грција ја одржуваше предноста од два разлика. Митревски првата одбрана ја имаше во 12. минута од мечот.

Како одминуваше времето момците на Лазаров почнаа да играат сѐ подобро, првото водство го имавме во 14. минута од натпреварот. Откако поведовме го држевме натпреварот под контрола зголемувајќи ја предноста, на одморот се отиде со предност на нашата репрезентација од 18-15.

Доминацијата ја продолживме во најголемиот тек од вториот дел, највисоката предност изнесуваше седум разлика, 26-19. Откако ја обезбедивме победата ја тргнавме педалата од гас, Грците во финишот од мечот успеаа да намалат, конечниот резултат гласеше 33-30 за Македонија.

Лазаревски со осум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Ненад Костевски постигна шест, Кузмановски пет. Митревски мечот го заврши со девет одбрани.

Македонија и Грција утре ќе одиграат уште еден натпреварот, тој ќе биде од затворен карактер. Тоа ќе биде последната проверка пред заминување на Европското првенство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.