Мали промени кои ќе ви донесат големи резултати

Loading...

Прегрнете ги вашите најблиски, ставете мраз во газираните, стојте додека сурфате на интернет и направете го вашиот живот поубав, поздрав и поскреќен. Прочитајте кои мали нешта може да ви донесат големи радости:
Држете го партнерот за рака
При разговор со семејството, дечкото,сопругот, вклучете малку допир и прегратки. Покажете им на тој начин колку ги сакате. Фатете го вашиот партнер за рака додека се возите во лифтот, погалете ја вашата ќерка.. Нашиот организам се релаксира и се ослободува од стрес кога некој грижливо ќе не допре и ќе не погали.
Планирајте го викендот заедно
Кога буџетот е скромен тешко е да се одвои за краток одмор. Но истражувањата покажуваат дека патување годишно не само што ќе го збогати вашето искуство туку ќе ја намали и можноста за развој на срцеви заболувања. Затоа подобро изберете некоја дестинација за краток одмор отколку нов плазма телевизор.
Ослободете се од неуредната хартија на бирото
Тргнете ги сите самолепливи листови на вашиот компјутер и средете ги куповите хартија на вашето биро. Шкотски истражувачи велат дека бироата што се натрупани со хартија ги вознемируваат повеќето луѓе, а на оние што страдат од мигрена им предизвикува вистинска физичка болка. Сепак и ако не сте склони кон мигрена исчистете го ѓубрето од канцеларијата бидејќи тоа помага за отстранување на стресот  и концентрација.

Додадете мраз во пијалоците
Ако  едноставно не можете да им одолеете на газираните пијалоци, семете двојно поголема чаша и во неа ставите мраз пред да ставите пијалок. На тој начин ќе добиете дополнителна течност, а не само шеќер и сода.
Чаша вода по секое вино
Се разбира да не се залажуваме дека пиете, но ако веќе сте на некоја забава и ви точат вино, не заборавајте да се долеете со вода. Не само што ќе ја намалите можноста за главоболка, туку и ќе можете да испиете помалку алкохол.
Вежбајте во текот на рекламите
Активирајте го метаболизмот така што ќе вежбате во текот на рекламите. Всушност, едно истражување покажа дека вежвањето барем еднаш неделно може да ја зголеми способноста за решавање на проблемите и е корисно за концентрацијата. Затоа во текот на омилената серија или  филм сигурно ќе има барем два сета реклами и наместо да ги искористите за правење сендвичи, направете неколку сендвичи или шетајте низ собата.

Стојте додека сурфате на интернет
Наместо да седите додека сте на Фејсбук, ставете го лаптопот на повисоко и стојте на нозе. Едно австралиско истражување покажа дека секој час поминат пред телевизор, а истото важи и за компјутер ги зголемува шансите за развивање на срцеви болести дури за 18 проценти.
Правете добри дела
Кога на луѓето во едно истражување им било побарано да набројат кому се му помогнале, чувството на среќа значително им се зголемило. Оставете и на келнерката невообичаено голем бакшиш или пуштете во супермаркетот некој преку ред. Запишувајте ги своите добри дела секоја вечер, според истражувањата можете да бидете многу посреќна личност полна со благодарност ако следите колку сте добри со другите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Прегрнете ги вашите најблиски, ставете мраз во газираните, стојте додека сурфате на интернет и направете го вашиот жив

loading...