„Владата е стабилна, тоа го потврди и Министерот Лога и Алијансата за Албанците. Не се доведува под прашање нивното учество во Владата и тоа е добро бидејќи оваа Влада има зацртани цели и јасна мисија до крајот на мандатот“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.
- Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САД
- Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи
- Бомба од Италија: Влаховиќ ги „чека“ Барселона и Баерн, сè зависи од една одлука
- Петте најлоши намирници за меморијата: Што да избегнувате за оптимално здравје на мозокот
- 11 совети од доктор за намалување на внесот на шеќер
- „Само еден ЉУБОВЕН ДОПИР“ — Трамп до ABC за најновите напади врз Иран
- Тито бил првиот турист во вселената: Им платил на Русите 20 милиони за да прошетаат надвор од Земјата, а еве како го направил тоа
- Овие три вечерни навики се штетни за здравјето на срцето
Тој додаде дека сите коалициони партнери се на иста страна, дури и кога има различни мислења и потреба од повеќе дискусија за одредени прашања.
„Како поранешен министер за правда, го ценам напорот на министерот Лога за решавање на овие прашања кои се тешки и горки за системот, а се таложени со децении“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека потребно е да се стават во функција системите за пробација и алтернативни санкции со цел да се олесни состојбата во затворите, но и да се подобрат условите таму.
Пронајдете не на следниве мрежи:



