Момчето било пронајдено во автомобил во близина на крајбрежниот залив во областа Ратмојлан во петокот рано наутро, соопшти полицијата.
Рут Персел Хили, од Ватерфорд, е обвинета за убиство на Метју Хили во селото Ратмојлан на 8 или 9 февруари, а денеска се појави на суд во Ирска обвинета за убиство на нејзиниот шестгодишен син.
- (Видео) Москва му се заканува на Киев: Ова е список на цели за „одмазднички удар“Руската државна телевизија Русија 1 објави список на потенцијални цели за… Read more: (Видео) Москва му се заканува на Киев: Ова е список на цели за „одмазднички удар“
- Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САДПродолжувањето на трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина „не би… Read more: Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САД
- Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работиМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави одложување на примената на… Read more: Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи
- Бомба од Италија: Влаховиќ ги „чека“ Барселона и Баерн, сè зависи од една одлукаДушан Влаховиќ се соочува со одлука за кариерата. Медиумите во Италија и… Read more: Бомба од Италија: Влаховиќ ги „чека“ Барселона и Баерн, сè зависи од една одлука
- Петте најлоши намирници за меморијата: Што да избегнувате за оптимално здравје на мозокотХранливата храна како бобинки, јаткасти плодови, морска храна и зеленчук помага… Read more: Петте најлоши намирници за меморијата: Што да избегнувате за оптимално здравје на мозокот
На 37-годишната жена и’ беше одреден притвор во затворот Лимерик кога се појави во Окружниот суд во Вотерфорд во вторникот вечерта.
Полицијата го пронашла Метју во автомобил во близина на морскиот залив во раните утрински часови во петокот по полициска потера.
Тој бил префрлен во Универзитетската болница Ватерфорд каде и покрај напорите на лекарите да го стабилизираат, нешто по 02:00 часот била констатирана смрт.
Детективите продолжуваат да ја истражуваат смртта, изјави портпаролот на Гарда.
Оддадена е почит на Метју, кој играше за локалниот фудбалски тим Парк Ренџерс АФЦ во Фејтлег.
Портпаролот на клубот рече: „Со голема тага дознавме за трагичната смрт“.
– Метју беше член на нашиот тим до 7 години. За жал ќе им недостигаат соиграчите и тренерите. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова незамисливо тешко време.
За него во саботата вечерта се одржа бдение во Соборниот храм Света Троица.
Неговиот погреб треба да се одржи денеска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



