Мексиканска салата

1 кг домати
500 г маслинки без семки
500 г конзервирана пченка
300 г интегрален ориз
1 главица кромид
1 врзоп магдонос
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Доматите се сечкаат на поситни коцки и се ставаат во длабок сад. Маслинките се сечкаат на парчиња и се додаваат во садот. Оризот се вари, се плакне со студена вода, се цеди во цедалка, и се додава во садот со доматите и маслинките. Потоа се додава пченката. Кромидот и магдоносот ситно се сечкаат, па и тие се додаваат во садот. Се посолува и се зачинува со црн пипер. На крајот во салатата се додава маслиново масло и се промешува.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.