Мечка нападна човек кај Македонски Брод

Едно лице било нападнато од мечка вчера на потегот меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, информира ЦУК.

Нападнатиот бил спасен од ловци кои случајно биле во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице кое било преплашено се здобило со телесни повреди.

Мечка нападна човек кај Македонски Брод
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.