Митовски: Зошто ДПМНЕ не поднесат амандмани за амнестија на Уставобранителите?!

ВМРО-ДПМНЕ најави излегување од Собранието поради Предлог-законот за амнестија, чија содржина сѐ уште не е допрецизирана, ниту финализирана. Со различни изјави за Законот во јавноста излегоа неколку членови на Владата, додека премиерот го поддржува законот, министерот за внатрешни работи смета дека не е време за таков закон.

Свој коментар за излегувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието даде и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, кој на Фејсбук прашува зошто партијата не поднесе амандмани за амнестија на Уставобранителите.

– Супер што ќе излегува ДПМНЕ од Собрание, дури и за поздравување.

Него, прашањето ми е – зошто не излегоа и не го бојкотираа КЗ кога требаше?

Зошто не беа присутни кога се гласаше за амнестија на Уставобранителите?

И, на крај – зошто сега не поднесат амандман на законот за амнестија со кој ќе бараат амнестија на Уставобранителите? – напиша Митовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.