Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава на настанот на осветувањето на водите на реката Вардар испрати порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговите министри нема да можат да учествуваат во техничката Влада доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат и не дадат поддршка за техничката Влада.
Тој потенцираше дека никаде во свет не постои пример во кој политичка партија учествува во Влада, а за истата не дал поддршка.
- Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењетоНаучниците идентификуваа механизам преку кој соединенијата во кафето можат да… Read more: Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењето
- Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите плановиЗа Девиците, мај 2026 година носи период во кој нивната… Read more: Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите планови
- Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредокЕвропа нема да се покори на побрутална иднина, но може… Read more: Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредок
- Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваатТри години од злосторствата во Дубона и Мали Орашје. Во… Read more: Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваат
- Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување… Read more: Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!
-Ако некој учествува во Влада, тоа значи дека таа Влада треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример, да политичка партија учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада ама ја поддржува. Не постои пример да политичка партија земе учество во Владата ама не гласа за Владата. Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ соогласно Закон исто како сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада треба ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие мести ќе бидат празни и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои што на нив им следуваат, вели Ковачевски.
Ковачевски одговори и најавите на Мицкоски дека неговите министри во техничката Влада нема да присуствуваат на седниците на Влада.
-Да не се присуствува на седници на Влада во Владата во која што сте член, не можам да го коментирам, истакна Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



