Надал супериорен против Федерер

Loading...

Рафаел Надал убедливо го победи Роџер Федерер со 6:4, 6:2, со што избори пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Тенисерите кои ја одбележаа последната деценија во светскиот тенис, го одиграа првиот меч по пауза од една година, но спротивно на прогнозите тој не донесе никаква драма. Надал од почетокот имаше контрола врз мечот, доминираше со својот бекхенд и ја забележа 19-та победа против Федерер. Во полуфиналето Надал за противник ќе го има Томаш Бердих, кој во четврт финалето го победи Кевин Андерсон со 6:4, 6:4. Втората полуфинална двојка во Индијан Велс ќе биде комплетирана со одигрувањето на четврт финалните мечеви во кои ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга, односно Енди Мари и Хуан Мартин дел Потро.
Макфакс
Рафаел Надал убедливо го победи Роџер Федерер со 6:4, 6:2, со што избори пласман во полуфинале

loading...