Повеќе од 1.000 мигранти од земјите од Субсахарска Африка пристигнаа на Канарските острови со 18 чамци во изминатите три дена, соопшти шпанската поморска спасувачка служба. Во еден од чамците било пронајдено мртво тело.
- Како да препознаете дали не внесувате доволно протеини и зошто тоа е поважно како што стареетеНедоволниот внес на протеини ретко доведува до клинички дефицити кај здрави луѓе, но… Read more: Како да препознаете дали не внесувате доволно протеини и зошто тоа е поважно како што стареете
- Како навистина изгледаше Бијонсе на Мет Гала: Беше критикувана поради фотошопирани фотографии (фото)Американската поп-ѕвезда Бијонсе се врати на Мет Гала по 10 години. Се појави… Read more: Како навистина изгледаше Бијонсе на Мет Гала: Беше критикувана поради фотошопирани фотографии (фото)
- Јаневска за неправилностите на универзитетите: Издале диплома со „Северна“ во 2016 година, а името сменето во 2018Министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за медиумите зборуваше и… Read more: Јаневска за неправилностите на универзитетите: Издале диплома со „Северна“ во 2016 година, а името сменето во 2018
- Луѓето со највисока емоционална интелигенција се родени под овие хороскопски знациЕмоцјоналната интелигенција е способност да препознаеме што се случува во нас и кај… Read more: Луѓето со највисока емоционална интелигенција се родени под овие хороскопски знаци
- Кој леб да изберете ако имате висок крвен притисок?Иако лебот може да биде дел од балансирана исхрана, некои видови се подобар… Read more: Кој леб да изберете ако имате висок крвен притисок?
Архипелагот во близина на брегот на северозападна Африка доживеа нагло зголемување на миграциските текови во последните неколку недели, бидејќи сè повеќе Западноафриканци се решаваат за опасното патување по вода до шпанските острови. Според властите, само во јануари пристигнале 7.270 мигранти, што е колку за целата прва половина од минатата година.
Повеќето чамци поаѓаат од Мавританија. Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четврток ќе ја посетат западноафриканската земја за да ги повикаат тамошните власти да го ограничат бројот на мигранти што ја напуштаат нивната територија.
Шпанија и ЕУ склучија договори за соработка со Мавританија и соседниот Сенегал за намалување на миграциските текови кон Канарските Острови
Пронајдете не на следниве мрежи:



