Најсочната пита со вишни и пудинг: Ненадминлив десерт кој секој ќе го обожува

Loading...

Колку и често да ја правиме, секогаш одново ѝ се враќаме.
Потребни состојки:
– 500 гр. кора за пита
– 1 л. млеко
– 200 гр. шеќер
– 3 пудинзи од ванила
– 100 мл. масло за јадење
– 200 гр. гриз
– 200 мл. јогурт
– 1 ванилин шеќер
– 1/2 прашок за пециво
– 3 јајца
– 300 гр. вишни

Начин на припрема:
1. Во тенџере ставете 700 мл. млеко, додајте 7 лажици шеќер и загрејте на оган, а во останатите 300 мл. растворете ги ќесичките пудинг.
2. Додајте ги во млекото и сварете ги.
3. Пудингот префрлете го во сад, додајте 40 гр. путер (по желба), прекријте го со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, припремете го преливот за корите.
4. Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додајте го маслото за јадење, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за пециво. Сето убаво соединете го.
5. Започнете со правењето пита по принцип – 4 кори, на секоја од нив прелив, на 3-та вишни, а на последната пудинг, а потоа замотајте ги во ролат.
6. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот.
7. Ставете во плех и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени, а по желба посипете со шеќер во прав.

loading...