На полноќ горивата поефтинуваат (симболично)

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 20.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,436%, кај дизелот за 0,431%, кај екстра лесното масло за 1,330% и кај мазутот намалувањето е за 0,923%.

Уште едно бебе во Србија почина од голема кашлица
Бројот на заболени од голема кашлица, односно пертусис, продолжи со трендот од септември и продолжи да расте во октомври, кога оваа болест била дијагностицирана кај уште 18 лица за еден месец, …
Земјотрес ја стресе Македонија вечерва
Земјотрес со интензитет од 2,3 степени според Рихтер вечерва ја потресе Македонија.Епицентарот е 17 км југоисточно од Струмица.Длабочината е 5 километри.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е понизок за 1,419%

Од 28.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,517 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,256 ден/кг и изнесува 42,517 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.