Неверојатниот Костоски не можеше да спречи пораз на Куманово

Loading...

Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз на домашен терен во БИБЛ конкуренцијата оваа сезона. Во Топ 6 фазата Куманово во драматичен меч, по две продолженија загуби од Рилски Спортист со 114:117.Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 89:89, а по крајот на првото продолжение на семафорот стоеше резултатот 102:102.Инаку Американецот Смит, најпрвин со две реализирани слободни фрлања на шест секунди до крајот на регуларниот дел му обезбеди продолжение на Рилски, а истиот играч на 20 секунди до крајот на првото продолжение со тројка го однесе мечот во уште едно продолжение.Неверојатен натпревар во редовите на Куманово одигра Костоски кој постигна 43 поени, на кои придодаде 11 асистенции и шест скока. Со двоен ефект натпреварот го заврши и Луковиќ, тој имаше учинок од 23 поени и 13 скокови. Рилски до победата го предводеа Калоаро со 23 и Смит со 22 поени.
МакфаксКошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз на домашен терен во БИБЛ конкуренцијата оваа сезона. Во Топ 6

loading...