Грција ја постави првата блокада на патот на Албанија кон ЕУ, јавија албанските повикувајќи се на грчките медиуми.
Грција не се согласи со писмото на 27 земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија. Можна причина за ова е апсењето на градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е етнички Грк по што Атина обвини дека неговите права се кршат, додаваат медиумите.
- Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно ставајќи крај на сонот за обединета Кореја
- Марш на ангелите во сабота: Да покажеме дека нема да молчиме и да заборавиме
- Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија
- Детал од тренингот на Ѓоковиќ што никој не го пропушти
- Трамп не запира: Ќе потроши 400 милиони долари за овој проект
- Кејт Мидлтон се враќа на должностите: Прва странска посета откако се разболе од рак
- Шпанската полиција заплени околу 40 тони дрога вредна милијарда долари
- Сигнал за бегство од земјата? Две третини од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителната клупа
- Трендафилов: Добивка од 881 милион евра кај 100 најпрофитабилни компании во земјава и работниците не биле продуктивни?!
Според Катимерини, ваквиот развој на настаните претставува разделба на Македонија и Албанија на заедничкиот европски пат.
Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија, се потенцира во текстот на Катимерини. Грција инсистира Белери да добие шанса за заклетва за градоначалник, барање кое албанските судови досега го одбиваа.
На 22 овој месец е следното рочиште на кое ќе му се суди за купување на гласови. Случајот е нотиран и во извештајот на европската комисија како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.
Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, што во Албанија се одржаа на 14 мај, по сомнение за „изборна корупција”.
Иако во затворски притвор, тој беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, главно населено со припадници на грчкото малцинство.
Барањата да биде ослободен за да даде заклетва и да ја обавува градоначалничката функција му беа одбиени од сите судски инстанци.
Официјална Атина во континуитет бара негово ослободување, оценувајќи дека неправедно е уапсен и се закани со блокирање на Албанија на евроинтегративниот пат.
Албанскиот премиер Еди Рама во неколку наврати изјави дека „не се меша во работите на независното судство”.
Пронајдете не на следниве мрежи:



