Четиригодишната Азра Дуру која беше извлечена од урнатините во Турција го загуби животот, а спасувачот е цел на критики за начинот на кој го држеше девојчето.
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот
- СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус
- Ахмед ал-Шара ги отстрани двајцата браќа од високи позиции по обвинувања за непотизам
- Мицкоски го посети Пустец: Помладите генерации не треба да ја плаќаат цената на политичките поделби

Информацијата за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми.
Се наведува дека спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето и покрај тоа што имало видливи повреди.
На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче.
Причината за смртта на Азра беше објаснета како трayма предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно кpвapење, скршеници на левата нога и на десната рака.
Пронајдете не на следниве мрежи:


