Ништо од свадбени ѕвона: Дарко Лазиќ раскина и со оваа девојка- низ солзи ја молел да му се врати, ова е причината поради која го оставила

Дарко Лазиќ во неколку наврати зборуваше дека е лудо заљубен во Катарина а воедно посочи и дека таа е вистинската за него и дека со неа ќе остари.

Сепак, како што побјавија српските медиуми пејачот и неговата девојка неодамна раскинале, а сето тоа е поради неговата поранешна девојка со која кратко бил пред Ката.
– Дарко и Ката не се разделуваат, секогаш се заедно и така им е најубаво. Но, Дарко настапуваше во странство, а Ката остана во Нови Сад. Потоа се сретнал со поранешната девојка која дошла во клубот да го слуша Дарко. Таа била со другарките и во одреден момент отишла зад сцената да го поздрави пејачот. Се шокирал кога ја видел, но убаво се поздравиле бидејќи не се разделиле како непријатели, па таа побарала да се фотографираат а таа фотографија подоцна ја објавила на Инстаграм и напишала “Кога ќе останеш во одлична врска со бившиот”. Дарко се врати во Србија, а на Ката не и кажа дека бившата била на неговиот настап. Меѓутоа, некој и испратил слика на Катарина и кога ја видела таа навистина се шокирала и се налутила. Таа го нападна Дарко и му рекла дека сигурно бил со неа штом молчел. Се случи сериозна расправија и Ката рече дека е готово и го напушти станот – истакна изворот.

– Дарко се изгуби, почна да плаче и да се колне дека ништо не направил. Ја повикал мајка си Бранка и ја замолил да и се јави на Катарина и да ја убеди да се врати во станот, но таа не сакала да го направи тоа! Потоа му сврте и на братот на Ката а таа дури утревечерта се врати и се согласи да разговараат. Му рекла никогаш повеќе да не крие такви работи од неа бидејќи на тој начин ја губи довербата – заклучил изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи: