Ново истражување покажува дека антителата од чести настинки може да штитат од Ковид-19

Loading...

Во текот на проверката колку добро се одвиваат новите тестови, истражувачите донеле донекаде изненадувачко откритие дека некои луѓе се чини дека имале антитела што реагираат на Ковид-19 иако никогаш го немале вирусот. Истражувачите потоа разгледале 300 примероци на крв собрани пред пандемијата и откриле дека речиси сите лица на кои им припаѓале примероците крв имаат антитела што штитат од коронавируси кои предизвикуваат настинка. (Постојат многу различни видови коронавируси, од кои некои предизвикуваат настинка.)
Покрај тоа, околу 5 отсто од возрасните имале антитела што би го „препознале“ САРС-КоВ-2 дури и ако не настинеле во периодот кога им била земена крв. И 7 отсто од возрасните што неодамна имале настинка имале слични антитела. Можеби уште повпечатливо е тоа што речиси половина од децата во истражувањето имале антитела што го препознавале САРС-КоВ-2.
– Нашите резултати покажуваат дека децата имаат поголема веројатност да ги имаат овие вкрстено-реактивни антитела отколку возрасните – Кевин Нг, вели автор на студијата, кандидат за докторски студии на Институтот „Франсис Крик“ во Лондон.
– Потребни се повеќе истражувања за да се разбере зошто е тоа така, но тоа може да биде така затоа што децата се почесто изложени на други коронавируси – додава тој.
Навистина, центрите за контрола и превенција на болести велат дека обичната настинка е главната причина што децата често пропуштаат часови на училиште и не е невообичаено за нив да имаат три или повеќе настинки во една година.


Значи, секако би била добредојдена оваа вест за родителите: сите тие денови на кивање и кашлање може да им понудат на нивните деца одредено ниво на заштита од Ковид-19.
Но, експерти што не биле вклучени во новата студија повикуваат на внимателност. Прво, само затоа што антителата го „препознаваат“ вирусот не значи дека тие нужно ќе се борат против него. Тие предупредуваат дека луѓето не треба да влечат заклучоци дека обичната настинка ќе ги заштити од Ковид-19 – иако веруваат дека тоа може да придонесе за одговор на прашањето зошто некои луѓе, особено децата, имаат поблаги симптоми на болеста.
Други истражувачи велат дека треба да се продолжи со истражување, иако постојат многу фактори што ги прават децата помалку подложни на тешки симптоми од Ковид-19.
– Антителата што се генерирани како одговор на другите коронавируси можат да помогнат до одреден степен – вели Филипа Марак, директорка на Одделот за имунологија и геномска медицина при Националното еврејско здравје.
Засега, најдобра одбрана од Ковид-19 се редовното миење на рацете, одржувањето физичка дистанца и носењето маска.

loading...