Кога ќе се спомнат градовите кои се магнет за туристи, првото нешто што ми паѓа на ум е Париз, Рим или Лондон. Сепак, според „Еуромонитор интернешнал“, ниту една од овие дестинации не го зазеде првото место на листата на најпосетувани градови во светот во 2023 година.
Тоа бил Истанбул кој имал најмногу меѓународни пристигнувања минатата година. Економскиот и културниот центар на Турција во 2023 година пречека неверојатни 20,2 милиони посетители, а се предвидува дека во 2024 година тој број ќе биде уште поголем.
- „Не сум глупава русокоса, само сум многу добра во преправањето дека сум“ – Парис Хилтон со години криеше која е всушност, а еве зошто го правеше тоаПарис Хилтон објасни зошто со години јавно го користела препознатливиот висок, детски глас што го обележал… Read more: „Не сум глупава русокоса, само сум многу добра во преправањето дека сум“ – Парис Хилтон со години криеше која е всушност, а еве зошто го правеше тоа
- Со 64 гласа „За“, Собранието го одобри законот за Советот на обвинителиСобранието, со 64 гласа „за“, 15 „против“ и без „воздржани“, го одобри Предлог-законот… Read more: Со 64 гласа „За“, Собранието го одобри законот за Советот на обвинители
- Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјајГрадоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед… Read more: Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјај
- Луда теорија за Барон Трамп се шири на социјалните мрежи: Виновна е роман од 1893 годинаДетскиот роман на американската авторка Ингерсол Локвуд од 1893 година ја отвори повторно… Read more: Луда теорија за Барон Трамп се шири на социјалните мрежи: Виновна е роман од 1893 година
- Има 80 години и нема намера да престане: „Златната русокоса“ никогаш не изгледала подоброГолди Хоун блесна на промоцијата на нејзината најнова детска книга, а по пат… Read more: Има 80 години и нема намера да престане: „Златната русокоса“ никогаш не изгледала подобро
Земјата неодамна ги олабави барањата за виза за патниците од САД и Канада, а со своето богатство од блескави културни знаменитости и спој на азиски и европски култури, не е ни чудо што градот е толку популарен.
Само Аја Софија пречекува околу 3,5 милиони луѓе годишно, а влезот наскоро ќе ги чини посетителите 25 евра.
Лондон го зазеде второто место на листата со 18,8 милиони, а со оглед на тоа што бројот на посетители на градот се врати на нивото пред пандемијата, не е големо изненадување. Дубаи е на трето место со 16,8 милиони, а Анталија, уште еден турски град, е на четврто место.
Листата на 10-те најпосетувани градови во 2023 година според Euromonitor International вклучува:
Истанбул
Лондон
Дубаи
Анталија
Париз
Хонг Конг
Бангкок
Њујорк
Канкун
Мекка
Пронајдете не на следниве мрежи:



