Македонсктие ракометари имаат шанса да забележат и втора победа на Светското првенство во Полска и во Шведска, против наш добар познаник, селекцијата на Туинс. Мечот се игра денеска од 18 часот, а за нас ќе претставува еден мал јубилеј, 50-ти натпревар на Светските првенства. Претходно веќе ќе се знае епилогот на првиот судир во нашата група во Плоцк, меѓу Алжир и Мароко.
Триумф против Тунис може да значи и прво место во групата во Плоцк, што пак би ја одвело Македонија во борба за 25. место, највисоко можно во овој сегмент од Мундијалот. Ако се суди од дуелот со Алжир, момците во црвено-жолто тоа го заслужија, меѓутоа Тунис е поквалитетен ривал од Алжир и денешниов меч ќе биде нова приказна.
Пронајдете не на следниве мрежи: