Американскиот трговски ланец “Payless” направил социјален експеримент за да ги тестира инфлуенсерките од Санта Моника.
Тие изнајмиле простор од поранешна “Armani” продавница и ја наполниле со евтини производи, а потоа ги повикале инфлуенсерките со цел да го прослават отворањето на нивниот нов бутик.
“Payless” го нарекле својот нов бренд “Palessi” и го рекламирале како луксузен. Чевлите кои инаку чинат 20-40 долари, тие ги продавале за 200-600 долари. Единствената разлика е во тоа што тие биле презентирани од страна на хостеса на отворањето, која ги нарекла “софистицирани” и додала дека чевлите се изработени од врвни материјали.
Во првите неколку часа биле продадени чевли во вредност од 3000 долари, а откако организаторите им откриле дека станува збор за експеримент, тие им ги вратиле парите, но им дозволиле на девојките да ги задржат чевлите како дел од маркетиншката кампања.