Лидерите на ЕУ се согласија да ги искористат приходите од замрзнатите суверени руски средства за помош на Киев, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Лидерите на ЕУ се согласија да користат дел од замрзнатите руски средства, пред сè приходот од нив, за поддршка на Украина. Самитот потврди дека помошта за Украина останува приоритет на Европската унија“, рече Мишел на конференцијата по самитот.
Сепак, на самитот на ЕУ не беше постигнат договор за програмата за буџетска помош за Украина.
- 27-годишник нападнат од својот колега во фирма во Илинден
- Водолии, вашата независност доаѓа до израз овој викенд
- Не сакаше лично да ѝ каже, па ја искористи кралицата Камила: Еве што Меланија Трамп ѝ кажа на Кејт Мидлтон (фото)
- Актерката за филмови за возрасни откри што користат мажите на снимање: Тие секогаш изгледаат подготвени, но всушност…
- Сиљановска: Балансерот беше извор на корупција, а не решение
- Поднесено обвинение против телохранителот на премиерот
- Прекинат пат преку Атлантскиот Океан, запленети 11 тони кокаин и 8,5 тони хашиш
- Знаци кои укажуваат на недостаток на калциум во телото
- (Видео) Драма во Грција кај Лефкада: Пронајден поморски дрон, полн со експлозив?
Имено, во врска со програмата за помош од 50 милијарди евра ветена на Украина за следните четири години, Мишел само рече дека на самитот „се одржала дискусија за ревизија на буџетот“.
Според руските медиуми, идејата земјите-членки да одвојат дополнителни средства во буџетот на ЕУ за Украина ја блокирале Унгарија, Белгија, Словачка и голем број други земји од алијансата.
Лидерите на ЕУ, исто така, признаа дека и покрај сите напори, цените на енергијата во Европа остануваат премногу високи, најави претседателот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ЕУ го подготвува 12-тиот пакет санкции против Русија.
„Се консултираме со земјите членки. Конкретно, анализираме како да го оневозможиме приходот на Русија од дијаманти. Ова ќе биде направено во тесна координација со партнерите од Г7“, рече таа.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека замрзнувањето на руските средства во Европа е кражба и дека вакво нешто не се случува првпат. Европската унија не ги таргетира само средствата на приватни лица, туку и државниот имот на Русија, посочи таа.



