Палачинките на Лав Толстој

Loading...

Славниот руски писател се гостел со палачинки кои неговата сопруга ги подготвувала по специјален рецепт.
Творецот на безвременските класици како што се „Ана Каренина“ и „Војна и мир“, Лав Николаевич Толстој, бил голем гурман. Според историските списи, неговиот дом секогаш мирисал на храна, а неговата сопруга Софија Андрејевна била одлична готвачка. Еден од нејзините специјалитети, слатки кои писателот ги обожавал, биле – нема да верувате – палачинките.
Ова е оригиналниот рецепт на Софија Андрејевна Толстој:
Потребни состојки:
6,5 чаши вода
2 чаши брашно од хељда
2 чаши пченично брашно
2 лажички прашок за пециво
на врв на нож сода бикарбона
Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги брашното од пченица и хељда. Истурете топла вода и добро мешајте додека не се добие мазна смеса. Додадете прашок за пециво и сода бикарбона. Палачинките подгответе ги на загреано масло, а сервирајте со павлака и шеќер во прав.
Постои и еден трик што го практикувала Софија, а тоа е да се користи винска киселина наместо прашок за пециво.

loading...