Палевски бил фатен како оди пешки по турски автопат, гранични премини минал со македонски пасош

Лицето Љ.П. кој е директниот сторител, односно извршител на кривичните дела поврзани со убиство на две лица е лишен од слобода во Турција, ова на вонредната и вечерашната прес конференција го потврди Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години …
Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од …

„Тоа беше последната алка од грозоморниот чин која недостасуваше за целосно завршување на оваа постапка, но и да разобличиме сторителите на кривичните дела која длабоко на потресе“, изјави Спасовски.

Министерот истакна дека за лицето Љ.П. од страна на домашниот Интерпол била распиша т.н. „Црвена потерница“ која била веднаш видлива на сите членки, но освен потерницата МВР имало и билетерална комуникација со земјите.

Спасовски упати посебна благодарност од колегите и министрите од Србија и Турција и Хрватска. Тој се заблагодари на медиумите за професионалното информирање и на колегите во Министерството за внатрешни работи.

„Длабоко посакувам фаќањето на сторителот да оди брзо. Нашето заврши, а постапката за утврдување на притвор е во надлежност на Министерството на правда“, информираше Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.