ЈСП Скопје упати допис до Редакцијата на Плусинфо, во кој бара јавно извинување и повлекување на текстот со наслов „ГРАЃАНИТЕ ДРЕМАТ СО ЧАСОВИ НА АВТОБУСКИТЕ, АВТОБУСИТЕ ЛЕЖАТ СО МЕСЕЦИ НА ТРУПЦИ ВО ГАРАЖИТЕ Нема гуми, нема сијалици, нема вработени – нема што нема во ЈСП Скопје“ објавен на ден 22.12.22023 година.
- Детали за исчезнувањето на американските војници во Мароко: Едниот паднал во вода од карпа, другиот не успеал да го спасиВо Мароко, за време на вежбата „Африкански лав“, исчезнаа двајца војници… Read more: Детали за исчезнувањето на американските војници во Мароко: Едниот паднал во вода од карпа, другиот не успеал да го спаси
- Филипче: На Денот на Македонскиот јазик со гордост може да кажеме дека поради СДСМ е признаен и обезбеденПо повод денешниот Ден на македонскиот јазик, претседателот на СДСМ, д-р… Read more: Филипче: На Денот на Македонскиот јазик со гордост може да кажеме дека поради СДСМ е признаен и обезбеден
- СП:Предвремени парламентарни избори следната година?Добрата вест е дека набрзо ќе има избори и дека СДСМ… Read more: СП:Предвремени парламентарни избори следната година?
- Кој ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите: Нова шаховска партија помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид вечерваНа стадионот „Емирати“ во Лондон вечерва ќе го пречекаме првиот финалист… Read more: Кој ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите: Нова шаховска партија помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид вечерва
- СДСМ: Документите за Груевски се „институционално“ блокирани во Министерството за правда или се намерно блокираниСДСМ го обвинува Министерството за правда за одложување на постапката за… Read more: СДСМ: Документите за Груевски се „институционално“ блокирани во Министерството за правда или се намерно блокирани
Причините за ова барање се образложени во дописот што го објавуваме во целина.
Редакцијата на Плусинфо упатува на фактот дека во оспорениот напис е објавен демант и е застапена втората страна. Ние сметаме дека нема основа за оспорување согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бидејќи отсуствува клучниот елемент на овие казниви дела – намерата да се омаловажи и нанесе штета.
Овој и сите други написи поврзани со јавниот превоз во Скопје се креирани и објавени на порталот Плусинфо со намера да се заштити јавниот интерес. При тоа, објавени се многу факти кои укажуваат на причините зошто скопјани имаат неквалитетен јавен превоз, кој не ги задоволува во целост нивните потреби. Во таа смисла, репортерот и уредништвото на Плусинфо никогаш не биле водени од намерата да се наклеветат субјектите одговорни за јавниот превоз во главниот град.
Како и да е, поради убеденоста на ЈСП Скопје дека во спорниот напис се пласирани злонамерни наводи, но и поради објективната можност некои информации да се плод на изјави и наводи мотивирани од жестокоста на полемиките покренати во јавноста на оваа тема и при тоа да не е целосно проверена нивната автентичност и точност, Редакцијата на Плусинфо, без да навлегува во било каква расправа со авторот на дописот, го повлекува оспорениот напис и се извинува за евентуалните неточности изнесени во овој напис.
Пронајдете не на следниве мрежи:



