Познат датумот на свадбата на деценијата: На овој голем празник Анастасија Ражнатовиќ ќе го каже судбоносното “ДА”

Познато е дека семејството Ражнатовиќ ги почитува обичаите, па не е ни чудно што Анастасија, наследничката на Цеца Ражнатовиќ, решила да се омажи за Немања додека била во блажена состојба за и бебето и таа да го носат презимето Гудељ.

Анастасија Ражнатовиќ е бремена во четвртиот месец и чека девојче со фудбалерот Немања Гудељ.

Среќната вест ги израдува сите, а особено баба Цеца која едвај чекаше да добие внука по двата внуци Жељко и Крстан.
Веќе е познато дека семејствата Ражнатовиќ и Гудељ се големи верници а за тоа говори и тоа што Анастасија и Гудељ наскоро ќе се заколнат на вечна љубов.

Познат датумот на свадбата на деценијата: На овој голем празник Анастасија Ражнатовиќ ќе го каже судбоносното “ДА”

Како што објави српска „Република“, подготовките за свадбата на деценијата веќе се во тек, а главен организатор, како и на венчавката на Вељко е Цеца. Познато е дека семејството Ражнатовиќ ги почитува обичаите, па не е чудно што Таша решила да се омажи за Немања додека е во блажена состојба за и бебето и таа да го носат презимето Гудељ.
– Штом Анастасија и Гудељ дознаа дека ќе станат родители, веднаш ја споделија најсреќната вест со своите семејства. Вељко бил пресреќен што неговата сестра наскоро ќе стане мајка, а Цеца кога слушнала дека Таша носи девојче се расплакала од среќа. Бидејќи Анастасија е веќе во четвртиот месец, а и Немања и таа се согласуваат да се венчаат пред да дојде бебето на свет, јасно е дека Цеца ќе прави свадба во Србија. Веќе знаете дека Ражнатовиќ се големи верници, па свадбата најверојатно ќе се случи на 28 јуни, на Видовдан – истакна извор близок до семејството Ражнатовиќ, додавајќи дека Цеца веќе сериозно се фрлила на работа за организирање на свадбата а сето тоа го прави во договор со ќерката и зетот бидејќи сака да им ја исполни секоја желба.
Инаку, Анастасија веќе извесно време е во Шпанија каде ужива со Немања, а полека се подготвуваат за родителството и доаѓањето на нивната ќерка.

По прегледи и ултразвук дознале дека бебето треба да пристигне во средината на септември. Тие веќе подготвуваат соба за малото девојче во луксузна куќа со базен во Севиља.
Анастасија пред три недели ја прослави годишнината од врската со Немања и се обиде да го сокрие стомакот но сепак будното око на новинарите веднаш откри дека насленичката на Цеца е бремена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.