Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Поранешниот советник на Беџет Пацоли, Наим Мурсељи, на истражителите им признал дека тој го нарачал убиството на сопругата Љиридона Мурсеља, јавуваат приштинските медиуми. Според извештаите, Мурсељи, кој беше уапсен во петокот, на друг осомничен му дал 15.000 евра пред убиството и му ветил дека ќе му даде повеќе по извршувањето на злосторството, пренесува Репортерс.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и С.А. од …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче (13). Несреќата се …

Мурсељи и уште едно лице претходно беа уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на Љиридона Мурсељи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.