Потпечена брокула со сирење: Брз рецепт за вкусно предјадење

Брокулата е зеленчук од семејството на зелка која е богата со диетални влакна, бројни витамини и минерали. Во 100 грама има само триесет калории, па затоа консумирањето на овој зеленчук им се препорачува на сите оние кои сакаат да ослабат.

Брокулата може да се вари на пареа, да се динста, да се вари и да се пече. Можете да ја користите за да направите супи и чорби, да подготвувате стекови и пржени зеленчуци. Има навистина многу избор.
Ви пренесуваме супер едноставен рецепт за печена брокула со сирење и неколку зачини. Ќе биде готов за половина час, а можете да го послужите како предјадење или прилог.

Состојки:
200 гр рендано чедар сирење
2-3 помали главици брокула
1 лажичка лук во прав
сол и бибер по желба
растително масло по желба

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови.
Измијте ја брокулата и исечете ја на помали цветчиња. Ставете ја во поголем сад заедно со малку масло, сол, бибер и лук во прав. Добро измешајте сè заедно.

Подготвената брокула префрлете ја во правоаголен плех.
Врз брокулата посипете го ренданото сирење.
Се пече во загреана рерна околу 25 минути, додека брокулата не порумени и кашкавалот не се растопи.
Послужете топло како прилог или предјадење. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.