Почивај во мир хероино: Погребана Емилија Динева, жената чии органи спасија три животи

Loading...

Вчера на гробиштата во Сретеново, Дојран беше погребана Емилија Динева, чие срце спаси еден човечки живот, а нејзините бубрези спасија уште два. Нејзиното семејство ја потсети Македонија, што значи да се биде хуман човек и во најтешките моменти.Емилија Динева по потекло е од Јосифово, а со семејството долги години живеела во Стар Дојран. Загубата тешко ја поднело цело семејство, но ги тешела помислата дека спасиле три животи.
Емилија Динева беше жената чии органи, едно срце и два бубрези го продолжија животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа, возејќи мопед.


Од семејството на Динева изјавија дека и други луѓе треба да го следат нивниот пример. Во најтешките мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.
Пред два дена на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!
Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!
Двата бубрега беа донирани на двајца пациенти кои се во добра здравствена состојба.

loading...