Почувствуван земјотрес во Струшко – 360 степени


Епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: