Приведени 2 лица барани со потерница и едно за физички напад






Вчера (4 март) околу 13 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле 45-годишниот гостиварец С.Ш. и 30-годишниот Р.А. од Лакавица. Како што соопшти полицијата, тие биле барани по централни потерници врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и биле спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Исто така вчера, околу 16 часот и 20 минути полициски службеници го привеле 57-годишниот гостиварец Н.З., кој претходно бил пријавен од 38-годишниот гостиварец И.Ш. дека околу 14 часот и 45 минути на улица „Седек Костовски“ во Гостивар физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот и против Н.З. ќе следува поднесок, извести СВР.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: